
Во Штипско денеска се случија две сообраќајни несреќи, во кои има две лица повредини кои се хоспитализирани во штипската Клиничка болница.
Во несреќата на регионалниот пат Штип-Радовиш учествувале трактор и автомобил „Фолксваген Венто“ со штипски регистерски таблички, додека во сообраќајката кај карбинското село Аргулица, учествувале возило „Застава“ и моторциклист.