
Тројца штипјани на возраст од 20 до 60 години поради високите температури денеска доживеале топлотни удари, информираат од Итната медицинска помош.
Според лекарот Дејан Рунтев овие три случаи се регистрирани до 12 часот.
- Два топлотни удари беа на отворено, а еден беше во затворена просторија. Првите сипмотоми за топлотен удар се главоболка, исцрпеност, препотување и колапс, вели Рунтев.