Ѓорче Петров ја почна најголемата градежна експанзија во минатите 50 години. 15 општински улици во следниот период ќе бидат обновени и реконструирани. Истите ќе се прошират, ќе добијат тротоари, осветлување, атмосферска и фекална канализација.
Реализацијата на овој проект е од големо значење за жителите на Хром но и сите кои гравитираат во овој дел од градот, бидејќи ќе се зголеми протокто на возила но и безбедноста на пешаците.
За реконструкцијата на 15-те улици во населбата Хром, општина Ѓорче Петров издвои околу 80 милиони денари.