
Сојузната судијка Алисон Бароуз вчера ја блокираше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во спроведувањето на неговиот план за забрана за влез на странски државјани во САД за студирање на Универзитетот Харвард.
Федералната судијка од Бостон, издаде привремена забрана со која го блокираше најновиот обид за ограничување на можноста на Харвард да се примаат странски студенти.