Советот за безбедност на ОН одржа итен останок откако САД се придружија на израелскиот напад врз Иран и ги погодија главните нуклеарни постројки. За време на состанокот, амбасадорот на Иран ги осуди нападите и ги обвини САД за манипулирање со Договорот за неширење на нуклеарно оружје во „политичко оружје“ што се користи како изговор за „агресија и незаконско дејствување“. Тој предупреди дека одговорот на Техеран ќе го одредат неговите вооружени сили.