Недостигаат анестезиолози и медицински сестри во Специјалната болницата за Ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид.Иако моментално неопходни се 10 до 15 нови вработувања директорот Харалампие Шокароски уверува дека можат да одговорат на потребите на градот.
Со стартот на летната сезона се зголемува бројот на сообраќајни незгоди и пациенти кои со тешки телесни повреди се лекуваат во Коснозглобна.