
44-годишник вчера попладне загина откако со автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки излетал од патот на обиколницата Скопје - Тетово, во близина на клучката Мирковци.
Возачот починал на местото на настанот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.