MENI

Во охридските средни училишта ќе се воведуваат нови стручни профили

Се зголемува бројот на паралелки во дуалното образование во охридските средни стручни училишта. Интересот за запишување кај учениците од година во година е се поголем, а училишните центри се трудат да креираат програми и да воведуваат нови профили на струки во тек со технолошкиот развој.

Од оваа година во средните стручни училишта се воведе и Координатор за учење преку работа согласно измените на Законот за средно образование а се  црпат  и искуства  од странство.

Од општина Охрид, велат  дека вложувањето во младите е вложување во иднината на градот.

Pages