Утре во Македонија доаѓа двоецот Нуланд – Хан, со што всушност и САД и европа уште еднаш, најактивно се вклучуваат во обидите за решавање на политичката ситуација.
Пред да дојде во Македонија, американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд подготви терен, со повикот политичките лидери во Македонија да ја искористат можноста која се нуди и да го спроведат договорт за нормализирање на политичката состојба на еврокомесарот Јоханес Хан.