
Жена на возраст од 25 години е уапсена денеска во Виена под сомнение дека го убила своето 5-годишно синче во нивниот стан во виенската општина Фаворитен.
Жената синоќа сама се пријавила во полиција и го признала злосторството по што полицијата извршила претрес на нејзиниот стан и на креветот под ќебе го пронашла безживотното тело на детето.