Исти цени за корисниците, зголемена понуда, подобра мрежа, нови знаења и вештини. Ова ќе бидат придобивките од спојувањето на ВИП и ОНЕ. Целиот процес ќе финишира до крајот на годината, затоа што процедурата, поради доцната одлука на Комисијата за заштита на конкуретност – треба да се повтори. Првиот човек на ВИП, Никола Љушев вели дека останува извршен директор на мобилниоит оператор – а целиот процес на спојување се очекува да заврши за една до две години.