MENI

Кражба на вредни предмети од Повардарската епархија во Велес

Ограбен е објектот на Повардарската епархија во Велес. Одземени се предмети вредни повеќе од 15 илјади евра. Украдени се инсигнии составени од панагии, крстови и други предмети некои изработени од злато. Кражбата била пријавена пред една недела.

Вредните предмети се одземени од кабинетот на владиката Агатангел. Влезната врата крадецот ја отворил со подесен алат. Откако ги зел црковните предмети побегнал. Од велешката полиција го потврдија настанот. Веднаш по пријавувањето се превземени мерки за откривање на сторителот. 

Pages