Со ритуалот канење на мртвите, кога зетот заедно со група од најблиските роднини го посетува гробот на починатите, во Галичник започнува вториот ден од 42. издание на Галичката свадба, која е основен белег на Галичкото културно лето.
Следи канењето на кумот, упатување на свадбарската поворка по невестата, нејзино испраќање до домот на младоженецот. Венчавањето на младенците ќе се одржи во црквата „Св. Петар и Павле“, а свадбените церемонии ќе завршат со носење на невестата на вода и заигрување и испраќање на топаните.