
Армијата на РМ ќе биде ангажирана да и помогне на полицијата во справувањето со напливот од мигранти. Таа би била ангажирана на јужната и северната граница, како и по должината на Коридорот 10 каде најчесто транзитираат мигрантите, најави претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска во Гевгелија каде беше во посета на јужната гранична линија на Република Македонија.