Од први август електронска наплата на билети во автобусите на ЈСП. Градските власти го презентираа проектот за единствена електронска картичка која треба да ги замени старите хартиени билети.
Револуционерниот проект како што го нарекоа надлежните, со себе ќе донесе уште една новина, автоматска локација на автобусите.
Целосното набљудување и контрола на автобусите ќе оди преку оперативниот центар на претпријатието, а електронските картички ќе се изработуваат на 8 локации во градот.