
Синот на популарниот Клинт Иствуд, 29-годишниот модел и актер Скот Иствуд на Хаваите сними реклама за парфемот „Давидоф Кул Вотер“, како замена за трагично починатиот глумец Пол Вокер.
Мокар, облечен во куси фармерки и со голо торзо, Скот уште еднаш покажа зошто е еден од најпосакуваните ергени во Холивуд.