
За прв пат е откриен нов вид субатомска честичка, наречена пентакварк, јави денеска Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).
Во соопштението на ЦЕРН се наведува дека зад откритието стои тим научници, кој работи на еден од четирите експерименти во Големиот хадронски фузер (ЛХЦ). Нивните резултати се објавени во магазинот „Физикал Ривју Летерс“.