Три години затвор поради црвената застава. Верушевски ја доби судската пресуда за кривично дело за нелегално поседување на оружје. Поранешниот директор на УБК не го раздолжил службениот пиштол по заминување од функцијата. При претресот во јануари оружјето беше пронајдено и одземено од станот во Аеродром каде што живее. Судијката напомена дека казната за ова кривично дело е од 3 до 10 години.