Македонскиот пливач Мартин Стефановски денеска го имаше вториот настап на Универзијадата во Гвангжу, Јужна Кореја. Тој во трката на 50 метри слободно исплива време 24.41 секунда и беше за осум стотинки послаб од неговиот воедно и македонски рекорд испливан во Бања Лука 2012 година - 24.33 секунди. Постигнатото време е во границата на неговите можности.