Од некого 8, од некој 80.000 денари- СДСМ за пола година собрала околу 8.000 евра од донации, пишува Вечер. Во најголемата опозициска партија секој денар е добредојден, па членството ситните парички наместо во касичка ги префрла на трансакциска на Бихаќка. Меѓу донаторите е и првиот човек на СДСМ, но и актуелни општински функционери.