
Серена Вилијамс и Агнешка Радванска се пласираа во полуфиналето на Вимблдон. Вилијамс со пресврт дојде до триумф против Викторија Азаренка и од 0-1 победи со 2-1 во сетови (3:6; 6:2 и 6:3). Ова за Вилијамс ќе биде 9.то полуфинале на Вимблдон. Таа во четврток во полуфиналето ќе игра против Марија Шарапова која со 2-1 (6:3; 6:7 и 6:2) ја победи Коко Вандевеге.