
Индонезиските власти денеска затворија пет аеродроми, вклучително и оние на популарните туристички острови Бали и Ломбок, поради повеќедневната ерупција на вулканот Раунг во Источна Јава.
- Во моментот не можам да кажам колку патници се погодени од затворањето на аеродромите, изјави Фарид Индра Нуграха, портпарол на авиооператорот „Ангкаса Пура 1“.