Со утринска молитва во џамија, Ариф Даути од тетовското село Глоѓи заедно со неговите соселани го започна денешното празнување на Рамазан Бајрам. Потоа спроед обичаите, ги посетиле гробовите на нивните предци и на блиските, потоа прославувањето продолжи во нивните домови.
После семејниот ручек, Даути бил на гости прво кај соседите а потоа и кај неговите роднини и пријатели а вечерва тој ги очекува да дојдат кај нив на традиционално благо.