
Триесет и две годишниот скопјанец Н.Л. е полесно повреден во сообраќајна несреќа која синоќа се случила пред Собранието на Република Македонија.
Полицијата информира дека до несреќата дошло околу 21 часот при судир на автомобил Мерцедес со скопски таблички кој го управувал 40-годишниот С.П. и мотор Хонда кој го управувал повредениот.