Фудбалерите на македонскиот шампион Вардар денеска заминаа за Кипар каде во вторник го играат првиот натпревар од второто коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Патот на „црвено-црните“ е преку Солун до Никозија.
Тренерот на Вардар Сергеј Андреев на пат замина со 22 играчи, а по доаѓањето во Никозија вечерва планирано е да се одржи и првиот тренинг.