
Општина Центар ја заврши изградбата на потпорниот ѕид на градинката „Панорама“, клон на „Кочо Рацин“.
Поставени се и канделабри, а поради безбедносни причини се поставува ограда на ѕидот.
Наредната недела, како што соопштија од општина Центар, ќе се санира и урбаната опрема и дворот ќе се уреди хортикултурно.