MENI

Јапонија: Грозд продаден за 7.500 евра

Грозд од една јапонска сорта грозје е продаден за рекордни еден милион јени или 7.460 евра, што е 287 евра по зрно.

Гроздот со 26 црвени зрна е продаден на првата овогодишна лицитација на грозје во градот Каназави со што е соборен минатогодишниот рекорд од 550.000 јени. Секое зрно е со големина на пинг-понг топче и тешко повеќе од 20 грама.

Pages