Голем интерес кај приватните компании да ги искористат поволностите од проектот Македонија вработува . До сега вработени се 3.500 лица, најмногу во Скопје – 625, следува Тетово, со 290, а по над 200 лице се вработени во Струмица, Кочани, Гостивар,Прилеп и Штип.
Министерот Спасов денеска во Штип изјави дека е добро што фирмите ги согладаа позитивностите од владиниот прокет и активно аплицираат во Агенцијата за вработување. За секое отворено работно место годишно ќе заштедат од 2 до 10 илјади евра.