
Секој од нас во текот на денот се тушира барем еднаш, барем така е нормално да мислиме. Сепак, според најновите истражувања, научниците тврдат дека не треба да се тушираме секојдневно, особено не во зимските денови.
Според докторка од Сан Диего, во зима кожата е почуствителна, повеќе се суши и е подложна на инфекции и оштетувања. Затоа, докторката тврди дека е важно како и колку се тушираме.