MENI

Најмалку 23 лица загинаа во стампедо во Бангладеш

Најмалку 23 луѓе загинаа во стампедо во фабрика во градот Мименсинг во Бангладеш.

Трагедијата се случила при поделба на бесплатна облека.

Околу 1.500 луѓе се обиделе да продрат низ тесниот влез на фабриката, каде чекале уште од пред изгрејсонце, за да добијат бесплатна облека за Рамазан.

Поголемиот број од жртвите се сиромашни жени.

Pages