Инвестициите во инфраструктурата, зголемувањето на извозот, странските компании во зоните и кредитниот раст, остануваат главни двигатели на економскиот раст на Македонија, се вели во најновиот извештај на ММФ.
Со 3,2 отсто проектиран раст, од страна на монетарците, Македонија и годинава ќе има едне од најдобрите економски резултати во Европа.
Бизнис климата и финансискиот сектор се стабилни- сите банки плус оние две со грчки капитал се во добра кондиција, а добрите услови за водење на бизнис дополнително ќе го зголемат бројот на странските фирми.