Болни од срце и на тинејџерска возраст. Најмладиот пациент во Македонија кој доживеал инфаркт имал само 18 години.
Во кардиолошките болници во земјата се повеќе лекуваат 20 и 30 годишни со кардиоваскуларни заболувања за разлика од пред десетина години кога тоа било својствено за постари од 55.
Според статистичките податоци на ИЈЗ и лани има над 11 000 починати од овие заболувања со што трендот на смртност во Македонија е се уште далеку од просекот во европските земји.