Моите очекувања за излез од политичката криза се дека треба да се најде некое разумно решение односно разумен компромис. Засега, другата страна не можам да кажам дека оди во таков правец, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
- Мене се уште ми стои впечатокот дека другата страна прави се да не дојдеме до договор. Низ чекорите кои ги прават во деновите што поминуваат тие практично постапуваат колку што е можно понелогични услови со цел да не се договориме и да можат да го продолжат периодот на политичка криза која би имала влијание на економијата, рече премиерот Груевски.