MENI

Курбан Бајрам во кругот на семејството Адили во Тетово

Според традициите на празнување и семејството Адили во Тетово денес со слатки ги пречекуваше роднините и пријателите. По утринската молитва и семејниот ручек, значаен дел од одбележувањето на празникот е посетата и честитањето на Курбан Бајрам на најблиските. 
 
Една од карактеристиките при домашното празнување е принесување на повеќето видови слатки за гостите.
На Курбан-Бајрам се врши ритуално принесување на жртва-односно курбан. Се жртвуваат животни  како овци и бикови, а месото се дели на три дела.

Pages