
Две лица се убиени а едно е тешко рането синоќа околу 20 часот во Тирана, кога во возилото во кое се наоѓале било пукано до автоматска пушка „калашњиков“.
Според полицијата,во возилото марка „БМВ“ се наоѓале три лица. На самото место починале Аурора Оскиан и Кевин Ругова, додека со прострелна рана се здобил Елвис Гацај, кој е хоспитализиран и е вон житовна опасност.