
Територијалната противпожарна единица Куманово, вчера интеревенирала во три наврати, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи.
Кумановските пожарникари интервенирале во периодот од 13,00 до 13,17 часот на запален автомобил „опел астра„ пред супермаркетот „Туш„. Пожарот на автомобилот го локализирале пет пожарникари со едно противпожарно возило.