
Канадската тенисерка Јуџин Бушар продолжува со серијата слаби резултати и брзи елиминации на турнирите. Таа лани играше во финалето на Вимблдон, а оваа година е елиминирана во првото коло. Орагнизаторот ја рангираше како 12.та носителка, но таа не успеа да ја мине првата пречка Јинг Јинг Дуан од Кина и беше поразен со 2-0 во сетови (7:6 и 6:4).