
Рускиот претседател Владимир Путин оцени синоќа дека Западот не успеал во намерата да го подели руското општество со воведување економски санкции.
Во говорот на состанокот на претседателскиот Совет за безбедност, Путин рече дека Западот сака да ја казни Русија за нејзиниот независен курс.