MENI

Засилување на 3 регионални медицински центри со цел пацинетите да не се испраќаат во клинички во Скопје

Со набавка на нова опрема и субспецијализации за лекари, министерството за здравство ќе ги зајакнува капацитетите на болниците во внатрешноста. Одлуката доаѓа по загрижувачките податоци од МојТермин кои покажуваат дека само оваа година има над 28 000 упати од градовите кон скопските клиники. Толку пациенти овој период потрошиле пари, време и нерви за да ја добијат неопходната медицинска услуга. Новите мерки ќе почнат со Клиничката болница во Штип која покрива околу 250 000 жители од источниот регион.

Pages