MENI

Охрид повторно ќе добие Градска плажа и реновирано мало пристаниште

Охрид ќе го враќа сјајот на најатрактивниот дел од градот. После долги децении на пропаѓање конечно ќе биде реконструирано малото пристаниште и повторно ќе функционира градската плажа како во минатото покрај самиот кеј на шеталиштето каде граѓаните и туристите слободно ќе може да се рекреираат .

Идниот партнер кој ќе стопанисува со овој простор ќе треба да изгради функционален а воедно и модерен објект а ќе има обврска и да го чисти дното на езерото на малото и големото пристаниште и каналот Студенчишта.

Pages