MENI

Ѓорче Петров ја почна најголемата градежна експанзија во минатите 50 години

Ѓорче Петров ја почна најголемата градежна експанзија во минатите 50 години. 15 општински улици во следниот период ќе бидат обновени и реконструирани. Истите ќе се прошират, ќе добијат тротоари, осветлување, атмосферска и фекална канализација.

Реализацијата на овој проект е од големо значење за жителите на Хром но и сите кои гравитираат во овој дел од градот, бидејќи ќе се зголеми протокто на возила но и безбедноста на пешаците.

За реконструкцијата на 15-те улици во населбата Хром, општина Ѓорче Петров издвои околу 80 милиони денари. 

Pages