
Аманда Питерсон, ѕвездата на тинејџерскиот филмски хит „Љубовта нема цена“, почина на 44-годишна возраст, објавија американските медиуми, додавајќи дека нејзиното тело го пронашла полицијата во нејзиниот дом во Грилеј во Колорадо.
Нејзиниот татко Џејмс бил загрижен затоа што Аманда два дена не се јавила никому и во полицијата го пријавил нејзиното исчезнување.