
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, особено во првата половина од денот. Во попладневните часови ќе настапи преодно зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер кои ќе бидат повеќе застапени во западните и северните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната од 33 до 39 степени.