
Голем пожар избувна на островот Кефалонија, но благодарение на силното присуство на пожарникари, огнот не успеал да ги зафати куќите во близина. Сепак, почна евакуација на две села, а туристите се превезуваат со автобуси, соопштува грчкото издание „Прото тема“.
Пожарите уништија два електрични столба, поради што се појавиле проблеми при снабдувањето со електрична енергија.