Грчкото министерство за надворешни работи официјално реагира на обраќањето на македонскиот конзул во Торонто, Јовица Палашевски, на како што се наведува во соопштението, учеството на иредентистички настан, што претставува уште еден чин на прекршување на времената спогодба, во која се исклучува секаква активност што поддржува територијални претензии.
Реакцијата следи откако Палашевски се обратил на илинденскиот пикник во организација на ,,Обединети Македонци од Канада‘‘, од бина декорирана со карта на етничка Македонија и сонцето од Кутлеш.