
Петгодишно девојче се боцнало на врвот од наркомаски шприц фрлен во дворот на детска градинка.
Инцидентот се случил во градинка во Загреб. Девојчето го повредило показалецот и истиот ден е згрижена во болница, а вознемирените родители се уште ги чекаат наодите и се плашат дали нивната ќерка е заразена.