
Вчера во 18.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во Јавната здравствена установа Свети Николе бил донесен П.Н. (67) од Свети Николе, кој паднал од дрво додека сечел гранки кои пречеле на електричен вод.
Поради карактерот на повредите, П.Н. со возило на Јавната здравствена установа бил пренесен во Клинички центар Штип.