MENI

Шпански медиуми: Пуџдемон утре планира да зборува пред шпанскиот Сенат

Каталонскиот регионален премиер Карлес Пуџдемон одлучил да зборува утре во шпанскиот Сенат, јавија шпански медиуми, повикувајќи се на свои извори.

Според агенцијата Европа прес, Пуџдемон ќе има говор во 17 часот по локално време.

Во говорот се очекува да му даде одговор на Мадрид за одлуката на шпанската Влада да го активира членот 155 од Уставот.

Pages