MENI

Од декември казни за газдите кои нема да исплаќаат минималец од 200 евра

Од декември построги казни за работодавачите кои ќе го злоупотребат  законот за минимална плата. До тогаш ќе има само  предупредувања за да им се остави простро на фирмите да се адаптираат. Но потоа секое прекршување на законот за минимална плата нема да пројде неказнето. Од министертвото за труд апелираа и до  вработени  да  ја пријават секоја злоупотреба.

Досега е многу мал интересот кај работодавачите за државните субвенции за исплата на минимална плата. Финансиска подршка побарале само 1400 фирми за близу 9000 работници.

Pages