MENI

Претпладне сончево, попладне краткотрен дожд

Во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, од пладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе дува умерен северен ветер, најизразен на североистокот. Во северните делови ќе има услови за локална појава на грмежи проследени со пороен дожд. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 29 до 36 степени.

Pages